За нас

Матриошка е компанија формирана во 2017 година која специјализира во развој на иновативни технолошки процеси во прехранбената индустрија. Матриошка беше основана од млада ентузијастка чија љубов кон виното и сладоледот ја доведе до идеја на комбинирање на овие две состојки во еден уникатен производ, сладолед со вино. Откако ја доби идејата, таа се откажа од својата кариера во финансискиот сектор и се опкружи со тим од експерти за истата да ја имплементира. Како резултат на тоа, беше развиен иновативен технолошки процес кој се примени во производството на WICE – првиот сладолед со вино, кој може да го задржи винскиот алкохол во сладоледот – прв сладолед од ваков вид.

WICE беше развиен во мала лабораторија за истражување и развој во прехранбена индустрија, со многу труд и вложени часови се додека не се произведе најдобрата комбинација на вкусови, спакувана во кремаста текстура.

Денес, WICE се произведува во нашата фабрика лоцирана во Скопје, Северна Македонија. На овој начин, нашиот тим се осигури дека WICE ќе пристигне до крајните потрошувачи онака како што и заслужува, беспрекорно и со највисок квалитет.

Времеплов

Патоказ на компанијата

2016
Се роди идејата

Софија ја доби идејата за комбинирање на вино и сладолед. Истата година таа се откажа од понудата за работа во финансискиот сектор и започна Магистарски студии на Универзитетот Варвик, со цел да ја развие идејата.

2017
Доказ за концепт (POC)

Технолошкиот процес за задржување на виното замрзнато во сладоледот беше развиен, со што концептот за сладолед со вина стана возможен.

2018
Добиен прв грант и опремување на лабораторија за И&Р на прехранбени производи

Компанијата го доби првиот грант со поддршка на ФИТР и Светска Банка, кој го искористи за опрема на сопствена лабораторија за И&Р со цел WICE да стигне до степен на пред-комерцијализација.

2019
Фаза на пред-комерцијализација

После повеќе од 1000 проби и тестирања, конечните вкусови на WICE беа развиени – еден со црвено и еден со бело вино

2020
Прва инвестиција

Ковид не не запре во отстварување на целите. Во Март 2020 обезбедивме прва инвестиција со која се набавени машините за производство на WICE

2020
Отворена сопствена фабрика за производство

WICE не може да се произведе во стандардна фабрика за сладолед, затоа мораше да отвориме сопствена фабрика за производство. На тој начин воедно и се осигуравме дека WICE ќе ви биде доставен со највисок квалитет.

2021
Отворена e подружница во Обединетото кралство

Се шириме на нови пазари! Во јануари 2021 година започнавме преговори со големи ланци на супермаркети за влез на пазарот на Обединетото Кралство

2021
Потпишан договор со ланец на супермаркети во Македонија

Ја завршивме годината со потпишување договор со еден од најголемите ланци на супермаркети во С. Македонија - Тинекс

Вредности

Иновација

Да се испорача вредност. Да се биде тоа што е следно.

Одржлив развој

Да се задоволат потребите на сегашноста без да се загрози можноста на идните генерации и тие да може да ги задоволат нивните потреби.

Транспарентност

Споделување информации. Споделување грешки. Споделување победи.

Поддржано од

Контакт

Доколку имате прашања пополнете ја формата, ќе добиете одговор за помалку од 24 часа.

ARE YOU OF LEGAL DRINKING AGE IN YOUR COUNTRY?